– Вакцините ќе ги добиеме во мај и до средината на јуни. Првично мислевме дека тоа ќе се случи во август, но убеден сум дека веќе во мај, со 3 милиони вакцинирани, ќе имаме колективен имунитет, рече Борисов.
Тој истакна дека благодарение на европската солидарност и нивната брза дипломатска акција, успеале да обезбедат 2,7 милиони дози од вакцината „Фајзер“ да бидат испорачани во Бугарија во следните два месеци, јави БГНЕС.
Борисов изрази уверување дека зголемениот број на вакцинирани и излекувани ќе придонесе Бугарија да ја надмине пандемијата.
Пред една недела беше соопштено дека Бугарија ќе добие повеќе од 1,2 милиони дополнителни дози на вакцини против Ковид-19 од „Бионтек“ и „Фајзер“ во второто тромесечје. Повеќето земји членки на ЕУ се согласија заеднички да споделат дел од дополнителните 10 милиони дози со Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка – земји за кои е заклучено дека им се потребни најмногу вакцини.