Во Берово организирана првата Божиќна литија во која учество зедоа над 300 дечиња од овој град.

Пеејќи во еден глас и славејќи го Христовото раѓање со стиховите од песната „Вечниот бог”, најмалите поворката ја започнаа од градската црква, упатувајќи се во правец до железара Орбис, потоа продолжувајки кон „Здравствен дом” Берово и Полициската станица, за на крај да се вратат до градската црква.

По завршувањето на Божиќната литија најмалите од страна на организаторите добија пакетчиња.

Настанот го поздрави и градоначалникот Звонко Пекевски кој на граѓаните на Берово им го честиташе Божик, посакувајки им многу здравје и среќа во Новата 2022 година.