Сашо Мијалков сам дојде во обвинителство, не може да се смета за успех на министерот Спасовски. Имаше многу причини за интерпелација, на пример со пасошите. Да се издадат толку пасоши на криминалци. Заедно со шверцот на дрога, пуштање на криминалци од затвор, ја дава сликата и перцепцијата каква е ситуацијата во Македонија, изјави универзитетскиот професор Владимир Божиновски на денешната дебата на ТВ24.
-Дури и Спасовски да не е виновен, да нема ништо со тие пасоши, самото минситерство повлекува лична и морална одговорност. 200 пасоши дадени на најголемите криминалци во светот. Тоа е сериозна работа, но се уште нема одговорност. Доколку не беше опозицијата, таа афера немаше никогаш да биде осознаена. Доколку имате институција без контрола, треба да си поднесете оставка, рече Божиновски.