Времето денеска ќе биде наместа со појава на магла, во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 13 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.