Во Бразил од последиците на Ковид починале над 340.000 луѓе. Од оваа држава, само САД има поголема бројка на смртни случаи.
Според експерите велат дека ова е само почеток, бидејки бразилската мутација се шири неверојатно брзо. Бразилските власти долго време ја игнорираа короната, но сега апелираат за брза вакцинација на населението.
Сепак експерите предупредуваат дека оваа варијанта е поотпорна на постоечките вакцини. Тоа што ја карактеризира е што е многу лесно пренослива, и слично на јужноафриканскиот сој ги напаѓа и оние кои имаат развиени антитела.
Случаи со мутацијата која доби кодното име П1 се регистрирани и во Велика Британија, Шведска и Белгија.