Новинарката Раша Абдула ал-Харази била во автомобилот со нејзиниот сопруг Махмуд Амин ал-Атми, исто така новинар, кога возилото експлодирало.

Ал-Атми ја преживеал експлозијата, но се здобил со сериозни повреди, пишува Си-Ен-Ен.

Министерството за човекови права соопшти дека Ал-Харази е во деветтиот месец од бременоста, а саудискиот ТВ канал Ал Арабија објави дека новинарката е нивна вработена.

Синдикатот на јеменските новинари соопшти дека станува збор за „целен“ напад, но засега ниту една група не ја презела одговорноста.

Аден е привремено седиште на владата поддржана од Саудиска Арабија која се бори против бунтовниците поддржани од Иран. Илјадници луѓе беа убиени во граѓанската војна во Јемен, што ја турна земјата во хуманитарна криза.