Тој рече дека ќе одговори пропорционално и соодветно доколку владата одлучи да воведе нови ограничувања за да го забави ширењето на Омикрон. Ваквиот потег, според Сунак, дополнително ќе влијае врз економијата.

Според шемата за помош, хотелските и рекреативните компании ќе можат да добијат грантови од повеќе од 6.000 фунти за секоја локација, во вкупна вредност од речиси 700 милиони фунти според новиот пакет.

Средствата за поддршка на културните организации ќе се зголемат за 30 милиони фунти, 100 милиони фунти ќе бидат обезбедени за локалните власти на Велика Британија за мерки за поддршка на бизнисот и 150 милиони фунти за владите на Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Британија позајми повеќе од 300 милијарди фунти во последната фискална година за да помогне да се компензира ударот врз економијата на коронавирусот и владините локадауни.