Британската полиција денеска соопшти дека накратко го евакуирала лондонскиот плоштад „Трафалгар“, кој се наоѓа во близина на местото каде што подоцна ќе има прослава за одбележување на платинестата годишнина на кралицата Елизабета Втора.
Набргу по евакуацијата, алармот бил укинат.
-Инцидентот е завршен и плоштадот наскоро ќе биде отворен, објави полицијата на Твитер.
Претходно, денеска портпаролот на полицијата изјави дека се вршат увиди во областа.
Во близина се наоѓа Бакингемската палата, пред која денеска ќе биде организиран концерт.
Се претпоставува дека алармот бил вклучен поради сомнителен пакет.