Марко Атила Хоаре, британски професор по балканска историја, го поддржува премиерот Енди Барнам да не ѝ ги врати Елгиновите мермери на Грција, како една од причините наведувајќи го и грчкото малтретирање на Македонија, пренесе Експрес.

„Браво, премиере. Грција ја поддржуваше агресијата и геноцидот на Милошевиќ во текот на 1990-тите и со децении немилосрдно ја малтретираше Македонија за да го промени своето име. Ги крши санкциите кон Русија и нема да ја признае независноста на Косово. Ги крши правата на своите турско и македонско малцинство, одбивајќи да го признае нивното етничко постоење и спротивставувајќи се на пресудите на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на нив. Апсолутно не треба да ѝ се вратат Елгиновите мермери додека не се поправи“, порача Хоаре на Икс.

„Со тоа што ѝ дозволи на Грција да ја држи Македонија надвор од НАТО и ЕУ со децении поради спорот за името, Западот испрати јасна порака: ‘Земјите-членки можат да ги злоупотребат нашите процеси на пристапување за да ги спроведат своите ситни, глупави, злобни националистички вендети’. Слушајќи ја оваа порака, Бугарија го презеде малтретирањето на Македонија, додека Турција и Унгарија ги попречија Шведска и Финска да се приклучат кон НАТО. Смирувањето на ‘сојузничките’ насилници нè чинеше“, коментира професорот во поврзана објава со претходната.