Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, денес изјави дека е позитивен на Ковид-19, но има благи симптоми и дека примил две дози на вакцина против коронавирусот.

„Утрово бев позитивен на Ковид“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека направил брз тест и чекал потврда за ПЦР-тестот, за кој е потребна обработка во лабораторија, објави Ројтерс.

– Го чекам мојот резултат од ПЦР, но за среќа сум вакциниран и имам благи симптоми – истакна Џавид.