Сопругата на британскиот премиер Борис Џoнсон, Кери, објави дека е бремена со уште едно бебе. Давајќи изјава на својот Инстаграм профил, таа рече дека двојката очекува дете на Божиќ.

Двојката, која се венчаше на тајна церемонија во катедралата во Вестминстер пред два месеци, го дочека своето прво дете на 29 април 2020 година. Момчето го доби името Вилфред Лаври Николас Џонсон, во чест на лекарите што го спасија премиерот од ковид.

Г-ѓа Џонсон (33) откри дека годинава имала абортус, поради што нејзиното срце било „скршено“.

Борис Џонсон имаше два неуспешни брака кои завршија поради негова афера. Од бракот со Марина, Борис има четири деца: Лара (26), Мило Артур (24), Касија (22) и Теодора (20).

Во 2009 година, Џонсон доби вонбрачно дете со Хелен Мекинтајр. Следуваа години на правна борба за да се сокријат тие информации од очите на јавноста. Меѓутоа, Апелациониот суд во 2013 година заклучи дека јавноста има право да биде информирана за тоа, бидејќи Џонсон е јавна личност.