– Навистина би биле среќни тоа да се случи и сигурна сум дека двете страни Естонија и Северна Македонија навистина се подготвени да ја проценат ваквата опција во иднина, меѓутоа ова не е ништо премногу конкретно. Што се однесува до другите земји членки на ЕУ, секако дека тие за себе да зборуваат, сигурна сум дека имаат поинакви искуства и не можам да зборам во нивно име. Меѓутоа, Естонија како што кажав е подготвена да сподели многу пошироко искуство од реформите и транзицијата низ кој што минавме директно во процесот на интегрирање на Европската Унија во минатото, додаде Карелсон.
Според амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, тие долго време посветиле, не само во политиките туку и ресурсите за поддршка на Северна Македонија и нејзиниот процес на пристапување кон Европската Унија затоа што тоа е важна задача.
– Тоа е многу широка и сеопфатна задача и има многу можности да се даде помош и поддршка. Сите парнери на Македонија треба да дествуваат не само како партнери во ЕУ, туку и како партнери на САД и истомисленици, потенцираше Брнз.
Според неа, прокетот што го започнуваат денеска, се осврнува на една област која што има многу специфичен и насочен фокус како што е дигитализацијата и владеењето.
– Навистина сакам експертите да соработуваат на оваа поле за да видиме што моше конкретно да се стори за партнерските ресурси да можат директно да се насочат на таа задача. Сакаме да видиме како оваа партнерство ќе се прошири на нови начини и ќе биде добар модел за другите земји кои што се заинтересерина за поддршка на Северна Македонија. Токму затоа ние водиме стабилен дијалог со секретаријатот за еврошски прашања затоа што сме сигурни дека имаме нови можности. Сите ние признаваме дека оваа е важна цел и ќе наложи целото општество и целата влада да соработуваат за да го постигнат како цел, додаде Брнз.