Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, прими телефонски разговор од бугарскиот премиер, кој изрази длабоки сочувства до семејствата на жртвите од катастрофалниот пожар што избувна ноќеска околу 03:00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани. Бугарскиот премиер понуди помош и поддршка од својата земја.
Голема трагедија во Кочани
Ноќеска, околу 03:00 часот, во Диско клубот Пулс во Кочани избувна катастрофален пожар за време на концерт на групата ДНК, предизвикан, според претпоставките, од светлосните ефекти. Дискотеката била полна со млади посетители, што резултирашесо стравични сцени и драматична борба за спасување на повредените и преживеаните во раните утрински часови.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) изјави:
„Пожарот во Диско клубот Пулс во Кочани беше страшен настан. Спасувачките екипи се борат да помогнат, а бројот на жртви и натаму се утврдува, со шпекулации од 20 до 100 лица“, рече тој.
На местото на настанот пристигнаа противпожарни екипи од сите околни градови, заедно со возила и медицински екипи, кои се ангажирани во гаснење на пожарот и пружање на итна помош.
Поддршка од Бугарија
Бугарскиот премиер, во телефонскиот разговор со Христијан Мицкоски, понуди помош од Бугарија во овие тешки моменти.
„Изразувам искрени сочувства до семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани. Во најтешките моменти стоиме заедно, па нудиме помош и поддршка што Бугарија може да ја пружи. Нека Бог ги прости загинатите, а ние се молиме за брзо закрепнување на повредените“, изјави бугарскиот премиер.
Мицкоски ја прифати понудата, истакнувајќи дека соработката меѓу двете земји е клучна во справувањето со трагедијата. Спасувачките операции сè уште се во тек, а властите работат на утврдување на точниот број на жртви и причините за пожарот, со почетна индикација дека светлосните ефекти на концертот можат да бидат причина.