Бугарскиот премиер Кирил Петков е во превентивна самоизолација откако бил во контакт со претседателот на парламентот Никола Минчев кој е позитивен на коронавирус, соопшти денеска владинот претставник за печат.
-Премиерот ќе биде под карантин како што се правилата, рече тој.
Владата допрва ќе одлучува за кој ќе ги преземе неговите должности.
Никола Минчев се почувствува лошо веднаш по состанокот на Советодавниот совет. На седумчасовната средба Минчев присуствуваше заедно со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков, министрите за одбрана, внатрешни работи и финансии, началникот на Генералштабот на бугарската армија, како и шефовите на безбедносните и разузнавачките служби. Присуствуваа и заменик-министер за надворешни работи, како и врвни претставници на седумте бугарски партии со места во парламентот.