Целосно изгоре куќа во село Волково, во сопственост на Б.Ц. (57), соопшти МВР.

Пожарот бил пријавен вчера во 13:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.