-На 28.09.2021 година од 13 до 19 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни акциски контроли и притоа полициските службеници регистрирале 48 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено место во Охрид-16, Струга-22, Кичево-10 и 51 надминување на дозволената брзина надвор од населено место во Охрид-20, Струга-11, Кичево-02, Дебар-18. Кон возачите се поднесени прекршочни платни налози, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Целта на сообраќајните контроли е зголемување на сообраќајната безбедност. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила доследно да се придржуваат до поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, додава Димоски.