Цената на горивата може и мора да се намали, напиша Илија Димовски на социјалните мрежи.
Во продолжение неговиот став
Итно треба да се реагира и заради стопанството и заради стандардот на граѓаните и заради очигледната галопирачка инфлација во најава…
СДСМ треба само да ги укине новите давачки кои ги воведе на секое литро гориво откако дојде на власт…
За ваша информација нови давачки по литар нафта (во споредба со времето на “режимот”) изнесуваат 14,06 денари…
Малопродажната цена на нафтата и горивата во Република Македонија ја утврдува регулаторна комисија по неколку параметри:
прво, цената на нафтата на светските берзи;
второ, движењето на вредноста на доларот на светските берзи; и
регулираните законски даноци, акцизи и давачки.
Првите два параметри не зависат од државата…
Третиот зависи од Владата и мнозинството во Собранието на Република Македонија…
Со доаѓањето на СДСМ на власт зголемени се неколку пати давачките кои одат како составен дел од малопродажната цена на нафтата…
Затоа, од 1 Јули 2021 граѓаните плаќаат 14,06 денари поголеми даноци, акцизи и давачки, по литар нафта, од тоа што би плаќале доколку оваа власт не ги зголемеше даноците, акцизите, таксите и другите давачки…
Давачките спрема државата се точно плус 14,06 денари од литар дизел гориво, во споредба со времето на “режимот”…
Ова се давачки само спрема државата, кои апсолутно не зависат од светската цена на нафтата и цената на доларот на светските берзи…
Ова се зголемувањата на давачките во последните 4 години:
+ 1,20 ден за големопродажна маржа;
+ 1,40 ден за малопродажна маржа;
+ 0,25 ден за транспортни трошоци;
+ 3,00 ден за акцизи (прво зголемување во време на Тевдовски);
+ 0,54 ден за ДДВ (зголемен ДДВ поради зголемената основица од акцизите);
+ 3,00 ден за акцизи (втор пат зголемување пред отприлика 1 година);
+ 0,54 ден за ДДВ (втор пат во 4 години, поради зголемената основица);
и дополнително:
+3,5 ден за еколошка такса; и
+0,56 ден за ДДВ на новата цена, заради еколошката такса.
Или вкупно 14,06 денари поголеми давачки на секој литар…
Ако се укинат само овие нови давачки, од последните 4 години, цената на горивата ќе се намали за скоро 20%, а сепак за државата ќе има огромни приходи и понатаму…
Ако два пати во месецот ставате гориво, тоа се околу 350 евра годишно плус што вие ги плаќате спрема државата како давачки, такси, акцизи, даноци…
Арачлии се на власт…
Собранието може да го реализира ова за неколку дена доколку се има политичка желба…