Кралот Чарлс Трети денеска официјално беше именуван за монарх на Австралија и Нов Зеланд, на церемониите што се одржаа во двете земји по повод неговото стапување на тронот.
Австралискиот генерален гувернер Дејвид Харли во Канбера го прогласи принцот Чарлс за австралиски крал Чарлс Трети.
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн го поздрави Чарлс на слична церемонија во Велингтон, велејќи дека тој го сака Нов Зеланд и постојано ја покажува својата длабока грижа за нацијата.
И двете церемонии беа чиста формалност.
Австралија и Нов Зеланд се две поранешни британски колонии, кои се независни со децении, но задржаа монарх како шеф на државата.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе, кој наскоро ќе отпатува во Лондон за да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, изјави дека 22 септември во Австралија ќе биде државен празник во чест на покојната кралица.
Елизабета Втора (96), која почина на 8 септември во замок во Шкотска, ќе биде погребана на 19 септември во Лондон.