Тој истакна:
– Постојат одредени услови на пазарот и треба да почекаме да видиме како сето тоа ќе заврши. Колку што разбрав, Лео комуницира со Барселона и претседателот на клубот. Му посакувам најдобро. Како негов пријател и како навивач на Барселона, се надевам дека тој ќе продолжи да игра за клубот. Се надеваме дека ова ќе биде објавено што е можно поскоро. Ако требаше да се обложам, ќе ја изберев опцијата во која останува Меси, иако во фудбалот сè може да се случи. На Лео и е потребна Барса, а на Барса и треба Лео. Тој е среќен таму, го помина целиот свој живот таму
Од вчера Меси е слободен агент, а во периодов е со репрезентацијата на Аргентина на Купот на Америка.