Репрезентацијата на Аргентина, актуелниот светски првак во среда на 15.јули ќе игра полуфинале на Светско првенство против Англија. Капитенот на „гаучосите“ Лионел Меси има одиграно повеќе од 200 натпревари за аргентинската репрезентација, но ниту еден против Англија.
Поранешните англиски репрезентативци сметаат дека Меси сè уште е најголемата опасност за тимот на Томас Тухел. Како што напомена Вејн Руни, Меси можеби во одбраната не помага доволно, но затоа во нападот е исклучително опасен, иако има 39 години и се појавува во решавачки моменти. Затоа потребно за англискиот тим е максимално да внимаваат на него.
Ривалството меѓу Англија и Аргентина на Светските првенства е големо, а во центарот на вниманието и сè уште се паметат „Божјата рака“ на Марадона на Мундијалот 1986 година и исклучувањето на Дејвид Бекам на Мундијалот 1998 година.
Натпреварот во Атланта ќе биде првиот на Меси против Англија. Од неговото деби во дресот на Аргентина во 2005 година двете репрезентации имаат одиграно еден пријателски натпревар истата година, а Меси тој дуел го пропушти поради црвениот картон добиен на претходниот натпревар со Унгарија.
На дуелот со Швајцарија, Меси за првпат на Мундијалот не успеа да постигне гол и остана на делба на првата позиција на листата на стрелците со Килијан Мбапе.
Натпреварот Аргентина – Англија се игра на 15.јули во Атланта со почеток во 21 часот.
