Сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, Тод Боли, разговарал со челниците на францускиот шампион ПСЖ за евентуален трансфер на бразилскиот напаѓач Нејмар во редовите на лондонскиот клуб.

Ова денеска го пренесуваат англиските медиуми, напоменувајќи дека ПСЖ се подготвува за заминување на Нејмар и Аргентинецот Лионел Меси, поради нарушени односи во соблекувалната на клубот од Париз.

Нејмар, наводно, имал кавга со соиграчите пред да влезе во жесток вербален судир и со спортскиот директор Луис Кампос, по минатонеделниот првенствен пораз од Монако (1-3).

Нејмар е член на ПСЖ од 2017 година кога дојде од Барселона за 222 милиони евра.