Австралиските власти и ја укинаа визата на чешката тенисерка Рената Ворачова и ја одведоа во истиот имиграциски хотел во кој се наоѓа и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ., јавија денеска светските агенции.

Ворачова (38) пристигна во Австралија во декември и веќе настапи на турнир во Мелбурн, но во текот на вчерашниот ден била приведена од австралиските погранични служби и пренесена во хотелот „Парк“.

На тенисерката и било соопштено дека треба веднаш да ја напушти Австралија, меѓутоа Ворачова, како и Ѓоковиќ, има право на желба. Таа влегла во Австралија со медицинска потврда дека е ослободена од вакцинирање врз основа на прележан коронавирус.

Директорот на Австралија Опен, Крег Тили, деновиве објави дека вкупно 26 луѓе поврзани со грен – слем турнирот во Мелбурн се пријавиле за медицинска потврда со која се изземат од обврската за вакцинирање и оти им било одобрено само на неколкумина, без да наведе за кого станува збор.