– До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упатувам срдечни честитки со желба за здравје, благосостојба и спокој во празничните денови. Овој голем христијански празник повикува на сплотеност, на обединување, на создавање добри дела за себе, но и за оние околу нас, затоа што славејќи го Христовото раѓање, го славиме животот, ја славиме љубовта, но и меѓусебната почит и меѓусебното помагање, наведува Ковачевски.
Тој натаму потенцира дека тоа се вредностите кои заеднички градат поубав свет за сите.
– Драги сограѓани, драги верници, да продолжиме да негуваме добри мисли, да правиме добри дела, не само денеска туку секој ден во годината. Нека е честит и благословен големиот празник Христово раѓање – Божиќ, нека донесе спокој и радост во вашите домови и вашите срца, се наведува во честитката на претседателот на СДСМ, Ковачевски.