Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку својот официјален фејсбук профил им го честита Рамазан Бајрам на сите исламски верници.

– Посакувам среќен и убав ден на сите муслимански верници, празник кој доаѓа по цел месец на постови, воздржаност и пожртвуваност; период кога ги прочистуваме нашите мисли и нашите срца, внесувајќи добрина и солидарност во нашите домови, меѓу нашите блиски и во нас самите. Честит Бајрам, напиша Османи.