Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот фејсбук-профил ја честиташе победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција.

– Честитки до Емануел Макрон за победата на претседателските избори. Оваа победа се случува во време на предизвици кога проевропскиот избор е навистина значаен. Се надевам ќе продолжиме со соработката за прашањата кои ги зближуваат нашите земји и народи, напиша Пендаровски на Фејсбук.