Се вжештува ситуацијата во СДСМ. Партијата која доживеа дебакл на претходните парламентарни избори распиша нови внатрепартиски избори за следниот месец на 30-ти јуни.

Во СДСМ во тек е постапката за кандидирање за нов претседател на партијата. Рокот истекува в четврток, на 6-ти јуни. Кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од страна на конгресот за член на некој од органите на партијата. Освен лична и партиска биографија, кандидатите треба да достават и четиригодишна програма за работа. Ковачевски не планира повторно да се кандидира. Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ ќе се одржат на 30-ти јуни.

Повеќе имиња се спомнуваат како иден нов партиски лидер. Најсериозни кандидати според внатрепартиските избори се Венко Филипче, Стефан Богоев, Јован Деспотовски и Славјанка Петровска.

Министерката за одбрана во заминување, Славјанка Петровски завчера и официјално најави дека ќе трча по оваа функција. Петровска кој е пратеник во новиот парламентарен состав беше носител на листата во ИЕ6 каде СДСМ доживеа најголем дебакл, но и покрај тоа таа останува во трката и ќе оди да биде прва жена претседател на политичката партија.

Претходната недела ексклузивно за нашиот медиум Јован Деспотовски најави кандидатура за лидер на СДСМ. Тој вели дека партијата многу доцна почнала да зборува за одговорност, а за тоа според него партијата требаше да зборува уште на изборната ноќ.

Јован Деспотовски е актуелен директор на ТИРЗ и долгогодишен член на раководството на СДСМ. Неговото име циркулираше и пред две години кога на тогашните избори за лидер беше избран Димитар Ковачевски кој за волја на вистината судејќи по изборните резултати се покажа како најлош лидер досега.

(ВИДЕО) Деспотовски за Радио Лидер најави кандидатура за лидер на СДСМ: За одговорност партијата требаше да зборува уште на изборната ноќ, а не по 10 дена!

Сепак, за познавачите на состојбите убедливо најсериозен кандидат е поранешниот минситер за здравство и близок пријател на Зоран Заев, Венко Филипче кој „потајно“ има аспирации за ова клучно место на Бихаќка. Зад него стојат цели структури, а не изостанува ни релативно младиот Стефан Богоев кој моментално е директор на Царина, а има долг „стаж“ во оваа партија.

Деновиве „гори“ во СДСМ. За ова да стане уште пореално говори и информацијата од Плусинфо, каде се споменува дека пред извесно време била одржана средба на поранешните партиски лидери. На иста маса седнале Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Владо Бучковски и Димитар Ковачевски, а сите тие заеднички зборувале „Што понатаму“. Не се знае дали на средбата бил поканет Бранко Црвенковски, но според шпекулациите тој не воопшто не бил дел од пресметките.

Меѓу имињата се споменува и Игор Ивановски, но според медиумите тој „со резерва“ ја прифатил оваа инфомација, па се трга на страна од иден лидер на социјал-демократите.

Исто така, меѓу една од теориите е дека крилото предводено од Зоран Заев кој се смета како највлијателен во оваа партија се поддржува Венко Филипче да биде на чело на оваа партија. Доколку токму Заев му даде поддршка на Филипче извесно е дека тој ќе го наследи клучното место на Бихаќка.