-Патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(48) од Тетово, удрило во два велосипеди управувани од С.М.(54) и В.Р.(39), двајцата од Тетово. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајцата велосипедисти се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Претходн, во текот на вчерашниот ден околу пладне на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка „Жеровјане“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(22) од с.Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.