Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 15 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик
Од нив, Б.А.(21) од Куманово, З.Т.(41) од с.Сенокос, општина Долнени, С.С.(34) од Битола, Т.З.(22), Ф.А.(28), М.Б.(28) и Д.Б.(20) сите од Скопје управувале без возачка дозвола, С.С.(38) од Кавадарци, Е.Ф.(31) од Гостивар, Д.С.(32) од Пробиштип возеле под дејство на алкохол, додека пак Ј.С.(46) од Куманово, Д.Р.(38) од општина Долнени, Д.Т.(26) од Радовиш, Б.А.(63) и З.П.(40) двајцата од Скопје, управувале за време на претходно изречена забрана за управување на возило.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
