Четири лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Во несреќата учествувале патничко возило „шаран“ и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.

Несреќата била пријавена на 26 август 2026 година во 18:20 часот во ОВР Кичево. Со возилото „шаран“, со скопски регистарски ознаки, управувал 26-годишниот Д.Р. од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле сопатниците во „шаран“ – У.Ж. (67), У.Ж. (70) и Л.Т. (44), сите од село Велешта, Струшко, како и Б.А. (22) од Скопје.

Повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кичево.