Се појавуваат нови информации за утринскиот ракетен напад во регионот Лавов.
Гувернерот на регионот, Максим Козицки изјави дека во нападот е зафатена воената инфраструктура и дека едно лице е рането, а во новото соопштение на Телеграм вели дека „четири непријателски проектили погодиле воен објект“.
-Објектот е целосно уништен. Според првичните информации, нема загинати. Никој не побарал медицинска помош, додаде тој.
Регионалната воздушна команда „Запад“ на украинските воздухопловни сили на социјалните мрежи објави дека од Црното Море се истрелани неколку проектили кон регионот Лавов. Две ракети се уништени пред да ги погодат целите, додаваат тие.