Министерството за внатрешни рабои информираше дека вчера во 13.30 часот во угостителски објект на Попова Шапка, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(34), С.И.(30), Б.Л.(32) и Д.Д.(25), сите од Скопје, затоа што околу 13.00 часот, пред угостителскиот објект, физички ги нападнале Ж.Н.(49) од с.Брвеница и Ц.Б.(28) од Тетово.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.