Четврти ден КФОР ги контролира зградите на 4 општини на северот на Косово. Вработените во локалните самоуправи не можат да одат во канцелариите, а Србите и за денеска најавуваат мирен протест,пренесува РТС.
Припадниците на КФОР со оклопни и други возила од синоќа се на важни раскрсници и улици во центарот на звечани. Тие се таму за безбедност и мир. Нивно зголемено присуство на улиците и приодите кон Звечан побарала српската страна по разговорот со началникот на единицата на КФОР.
Во Звечан пред зградата на општината во 7 часот почнаа да се собираат голем број граѓани на мирни протести кои се закажани и за денеска, а многумина таму ја поминаа и цела ноќ.
Командантот на КФОР, изјави дека ризикот се зголемил откако премиерот , Албин Курти, одлучил да продолжи со инаугурација на градоначалници во четири општини на север и покрај протестите на србите и сомнежите на меѓународната заедница.