Во средата Еурофарм Пелистер победи во рамки на Супер купот на Македонија со 31:22, но ова денеска ќе биде сосема поинаква средба на која е најавено присуство и на навивачи од двете екипи.
Чкембари и Комити најавија пристигнување во Струга за да го следат овој натпревар и да им дадат несебична поддршка на своите миленици. Со оглед на малиот капацитет и нема да има многу место за следење на натпреварот од финалето така што ќе биде интересно.
Денеска на програмата се три дуели од завршниот ден кога ќе биде познат и конечниот пласман на 49. издание на Струшкиот турнир.