Синоќа, навивачката група на Вардар, популарните Комити, со караван од Ново Лисиче до Ѓорче Петров го најави денешниот натпревар со Шкендија, на кој ќе се прослави шампионската титула. На караванот присуствуваа повеќе од 500 млади луѓе, кои со автомобили и македонски знамиња ја загреаја атмосферата пред големиот дуел.

На социјалните мрежи се шират видеа од скандирањата: „Скопје слави Вардаре, со години го чекавме моментот“. ФК Вардар од Втората лига се врати во Првата македонска лига, а Комити за тоа пеат: „Ти како феникс од пепелта до врвот, од втора лига Вардар на место прво“.

Денешниот натпревар против Шкендија ќе биде во знакот на црвено-црната прослава и враќањето на Вардар на шампионскиот трон. Натпреварот почнува во 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.