Македонија тагува – загинатите членови и соработници на групата ДНК, испратени во вечните почивалишта.

Последен поздрав од Андреј Ѓоргиевски

На градските гробишта во Бутел, огромен број на роднини, пријатели, колеги и обожаватели, дојдоа да му оддадат последна почит на пејачот на групата, Андреј Ѓоргиевски.

Херојски, спасувајќи ги младите од пожарот починал Андреј од „ДНК“

Погребни церемонии и за останатите членови на групата ДНК

Завршени погребните церемонии и на останатите членови и соработници на бендот кои загинаа во пожарот. Траорна атмосфера и на гробиштата во населбата Лисиче, каде блиските за последен пат се поздравија со загинатата придружна вокалистка на ДНК и професорка на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска. Тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, клавијатуристот Филип Стеваноски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, тонецот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски.

Пожарот го преживеаа Панчо, Тонев и Костадиновска

Единствени кои го преживеаа катастрофалниот пожар се придружната вокалистка Ана Костадиновска, гитаристот Горан Тонев и пeјачот и коосновач на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој има тешки изгореници и е на кислородна поддршка.

„Си замина дел од моето второ семејство“: Придружниот вокал на ДНК, Ана Костадиновска се огласи првпат по несреќата

ДНК ќе останат запаметени по нивните хуманитарни цели

ДНК скоро 2 децени беше еден од најполуларните и најпрезнатливи македонски брендови и бендови. А нивното постојано и несебично залагање за најразлични хуманитарни цели, остана една од нивните најпрезнатливи карактеристки. Инаку, Кочани беше вториот град од нивната тукушто започната турнеја, за која со задоволство најавуваа дека ќе продолжи низ повеќе градови во Македонија. За жал, во Кочани се случи нивниот последен и фателно заврши најавуваната турнеја.