Ѓорги Галетановски, викан Чомбе, не е лик што може да се пофали дека е некаков кадровски потенцијал на СДСМ. На скалата на активисти на СДСМ, тој долго време беше при дното, согласно со неговите интелектуални капацитети и способности, пишува во колумната.
Но, денес Чомбе не е било кој. Тој е човек од доверба на Петре Шилегов, негов „бодигард“ на социјалните мрежи, а и директор е на Зоолошката градина во Скопје. Значи, носител е на јавна функција, живее од народни пари.
Најмалку јавната функција е таа што и законски, но и според Кодексот на административни службеници, го обврзува на пристојно и достоинствено однесување насекаде и во секоја прилика, вклучително и на социјалните мрежи.
Нека е и Чомбе она што е, сепак не смее да му се дозволи ваков коментар за кандидатката за градоначалник Данела Арсовска:
За ваква објава на Фејсбук, според Законот и според Кодексот, следува сериозна казна.
Настрана фактот што со ваквите нервозни објави, Чомбе и Чомбевци му прават многу лоша услуга на кандидатот Шилегов – јавноста стекнува впечаток дека актуелниот градоначалник мора да се служи со најдолни методи за да ја победи жената што го предизвикува на локалните избори.
Со еден збор, сите овие груби фаули одат на контото на Шилегов. А посебно идиотските коментари Чомбеви…