Како што пишува, денеска во Тексас се пријавени НУЛА смртни случаи како последица на Ковид-19, а тоа е првпат откако почнале официјално да се следат случаите во месец март минатата година.

Исто така, забележан е најнизок број на новозаразени во повеќе од 13 месеци, регистрирана е најниска стапка на позитивни случаи во последните 7 дена, како и најмал број на хоспитализации поради вирусот во период од 11 месеци.