Преку својот Фејсбук профил се обрати и поранешниот Министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, одговарајќи на понудата на Рашковски за меѓусебен дуел.

Чулев пишува дека неговата изјава е дадена бидејќи за него претставува одговорност е да ги информира граѓаните за фактичката состојба во врска со проектот “Безбеден град”, а поврзано со набавка на софтвер за регистрирање на сообраќајни прекршоци.

– Мојата лична култура и политичката етика не ми дозволуваат за вакви прашања да дискутирам на дебати и не сметам дека тие се место за решавање на прашања за кои веќе јавното обвинителство има започнато предистражна постапка. Оставам институциите на системот да ја завршат во целост нивната работа, а јас стојам на нивно располагање во секое време, потенцираше Чулев.

Во врска со отворената покана за политички дуел од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, господинот Драги…

Posted by Наќе Чулев on Friday, March 19, 2021