Радоје Благојевиќ, организатор на натпреварот изјави:
-Полека влеговме во деведесет и третиот час од натпреварот, а рекордот поставен пред две години од 52 часа одамна е соборен
На десеттото јубилејно издание кое почна пред пет дена се пријавија десетина луѓе, но сега останаа тројцата најупорни, истрајни да издржат во најдолго лежење.
Благојевиќ вели дека оваа година има мали промени во правилата за натпреварување. Дозволено е по 8 часа да можат да одат до тоалет, па можеби и затоа беше лесно да се собори рекордот од 52 часа, бидејќи тогаш натпреварувачите не можеа да одат во тоалет.
Сега, натпреварувачите велат дека не е лесно ни да се лежи. Открија и како се забавуваат додека лежат:
-Читаме нешто на телефонот, разговараме со гостите, велат натпреварувачите, пренесе Радиотелевизија Црна Гора.
Победникот ќе добие награда од 300 евра.