Околу половина тон кокаин во пратка со банана наменета за една од најголемите црногорски компании „Воли“, деновиве запленила црногорската полиција, јавуваат црногорските медиуми.
Како што јавуваат медиумите во Подгорица, дрогата била пронајдена пред два дена од страна на цариниците во пристаништето во Бар и за тоа ги известиле Специјалното државно обвинителство (СДТ) и Полициската управа (УП), кои наводно им дале упатство да ја пропуштат пратката до контрола на испораката.
Бананите вчера биле натоварени во камиони на Воли, од каде што веднаш повикале полиција откако пристигнале во магацинот. Засега никој не е уапсен во врска со оваа заплена. Министерот за внатрешни работи на Твитер „и честиташе на црногорската полиција за заплената на неколку стотици килограми дрога“.
Според весникот „Вијести“, пратката со банани впловила во пристаништето Бар на 2 јануари, а била контролирана на 11 јануари, кога била откриена дрогата. Медиумите во Црна Гора, повикувајќи се на неофицијални извори вклучени во истрагата, пишуваат дека работниците на компанијата Воли, кога вршеле претовар на бананите во магацинот, откриле и сомнителни пакети, на кои пишувало „С.Р.Б.“. и „Р.С.Б.“.
Сопственик на Воли е Драган Бокан, еден од челниците на кошаркарскиот клуб Будуќност, близок до поранешната црногорска влада предводена од Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ. Пронајдената дрпга не е прва откриена во пратка со банани наменета за оваа компанија. Во средината на 2018 година, контејнер со околу 30 килограми кокаин бил испорачан со брод од Еквадор.
Претставниците на компанијата тогаш негирале дека пратката била пронајдена при нивната испорака на банани, додека обвинителството никогаш официјално не соопштило во чии банани тогаш бил пронајден кокаинот. Во Црна Гора на крајот на август минатата година во контејнер со банани запленет е речиси тон и половина кокаин, а потоа се уапсени две лица, челници на компанијата која увезувала банани.