Дно? Она што денес се случуваше во Софија ни приближно не претставува дно на оваа власт. Таа, практично, не ни зане за дно. Затоа, цело време тврдев, и сѐ уште тврдам и ќе тврдам, дека таа не нѐ внесе во провалија, туку во б е з д н а, која (по дефиниција) нема дно. Тонењето, како и самопонижувањето на овие сенишни суштества и понатаму ќе продолжат. Со тоа, ќе продолжи и наметнатата деструкција на достоинството на македонскиот народ, меѓутоа и на секој граѓанин на оваа сѐ-уште-држава, напиша по денешните средби на македонските политичари со нивните колеги во Софија професорот Љубомир Цуцуловски.

По повод денешната тригодишнина од потпишувањето на Преспанскиот договор на својот фесјбук-профил напиша дека самото потпишување и донесување на овој договор е неуставно, незаконски.

„Сеедно што е неуставен, незаконски тој се донесе, обезличувајќи ги Македонците и Макединија со бројни надворешни и внатрешни рестрикции/забрани. Тоа ги зголеми апетитите на некои соседи. Дел од нив сватија дека со притисоци врз оваа влада (историски гледано, таа е чудо невидено) сѐ може да сe добие, бидејќи на сѐ се согласува. За неа срамот, достоинството или сериозноста претставуваат непознати поими. На тој начин, настана Спогодбата со Бугарија, со која уште повеќе се продре во внатрешните, најсензитивните работи на Македонија, почнувајќи од историјата, нацијата, јазикот… Тој процес трае и ни оддалеку не можам да го видам неговиот крај. Помина и средбата на НАТО во Брисел. И повторно, ништо! Тоа го призна и Заев, сеедно што е обдарен со ретко виден оптимизам, ако неговото однесување воопшто може да се означи како оптимистичко. Признал некој или не, работите тапкаат во место (дури и назадуваат!), бидејќи, според мене, влегувањето во НАТО не значи ништо друго, освен преобразување на Македонија во легитимна воена цел на секоја земја, која би била во евентуален воен судир со оваа Организација.

Накусо, три години после Нивици Македонија и натаму е обезглавена и понижена. Некои умно-умни глави тврдат дека не било така. На пример, веќе не сме биле БЈРМ, туку РСМ. Што значи, сме станале Република /северна/ Македонија. Во ред! Меѓутоа, можат ли да кажат која е разликата помеѓу кратенките БЈРМ и РСМ, кога и со двете сме преименувани? Или, во нивните глави сѐ е можно, вклучувајќи го и неможното, ако е тоа можно? По сѐ изгледа дека за овие и неможното е можно. Нормално, кога би се шегувале. Меѓутоа, шегата одамна заминала од овие простори и на нејзино место дошло грубото, нечовечно шегачење со цел еден народ“, напиша професорот Цуцуловски.