Иванова досега била пратеник на СДСМ и државен службеник –раководител на одделние за човечки ресурси во општина Струмица, како што пишува порталот, е без ниту еден ден стаж како судија, јавен обвинител, со ниту еден напишан стручен труд на било која тема од правната област.

Иванова за Вечер.мк вели дека била изненадена од можноста да биде предложена за уставен судија.

– Се уште нема конечна информација околу номинациите, ниту некој ме комуницирал, ниту ми кажал. Навистина не знам дали сум и дали ќе бидам номинирана. Што се однесува до квалификациите, 40 години сум правник, сум работела на различни позиции, вели Иванова.

Познавачите коментираат дека со ваков избор јасно се покажува намерата на Зоран Заев и на СДСМ да го стават под целосна контрола Уставниот суд.

За името на Иванова се поврзуваат гнеколку скандали за непотизам. На претходниот конкурс за прием во Академија за судии и јавни обвинители беше примена и снаата од син на Цветанка Иванова, Билјана Иванова, претходно вработена во ЈП Комуналец- Струмица.