Тој вели и дека актуелниот бран на епидемијата на ковид-19 во Македонија се влошил поради големиот наплив на иселеници кои дојдоа во земјава во текот на летото, кои потоа, како што е тоа случај во Швајцарија, ги наполниле болниците и во западните земји.
Околу одговорноста за катастрофалниот пожар во Тетово, во кој загинаа 14 луѓе, д-р Цана го повтори својот став дека ако тој бил на местото на министерот Филипче, би поднел оставка по трагедијата.
– Јас да бев министер за здравство и да имаше ваков случај како оној во Тетово каде изгоре модуларната болница, ќе постапев професионално и ќе поднесев неотповиклива оставка, на која не би имало никаков авторитет над мене кој би ме натерал да ја преиначам таа одлука, рече Цана.
Според него, одговорност треба да сносат и сите надлежни во Клиничката болница во Тетово.
– Сите кои се дел од синџирот на управување треба да поднесат или оставки или да бидат разрешени, вели Цана.