Спортплус пренесува дека од самиот старт тетовци тргнаа офанзивно кон голот на шкотскиот тим. Веќе во третата минута се закани Круезиу, кој е работ на шеснаесетникот, биеше само неколку сантиметри покрај голот на гостите. Истиот фудбалер се убедив во 26-та минута од поголема далечина, но тој удар беше далеку по непрецизен. И тоа беше се што можеше да се одбележи од првото полувреме.

И во вториот дел иста слика на теренот. Тетовци постојано напаѓаа и се заканува кон противничкиот гол, но без конкретна опасност. Затоа пак, на спротивната стана шкотскиот тим имаше две големи можности да го отвори резултатот. Сепак, на голот на Шкендија расположен беше Рамни кој во двата наврати спаси чист гол. Во 65.минута се обиде Нзенгуе, но и неговиот обид заврши крај голот.

Со елиминацијата на тетовци македонија повеќе нема свој претставници на европската фудбалска сцена. Претходно елиминирани во Конференциската лига, беа Силекс и Вардар кој пак прво настапи во квалификациите Лигата на шампионите.