Ако продолжи динамиката со бројките на заболени од коронавирусот, наставата во живо би била изводлива само ако родителите на сите деца бидат вакцинирани и доколу на децата им се обезбеди секоја недела да се проверуваат со брзи антигенски тесови. Децата не би ги вакцинирал освен со Фајзер. Само децата со хронички здравствени проблеми кои се под висок ризик доколку се заразат со вирусот. Јас децата не би ги ставил во приоритетна група од причина што е недозволиво да се вакцинираат деца и со нив да се прави колективен имунтет, а истовремено во државата да нема опфат од 50% вакцинирани граѓани. Прво треба да се вакцинираат возрасните, рече Даниловски.