Големата кашлица позната како „магарешка кашлица“ коси сѐ пред себе. Заболувањето кое има силна и долга кашлица која може да трае и по неколку месеци го вклучи алармот кај родителите.

Расте интересот за вакцинација против голема кашлица. Вакциналните пунктови почнаа да работат во две смени, а досега интересот е три пати зголемен.

Нема одлука да се прогласи епидемија

Од друга страна пак, владата сѐ уште нема донесено одлука да прогласи епидемија. Досега има вкупно 26 вакци случаи, а седум деца со голема кашлица се хоспитализирани во детските болници.

Вакцините се безбедни

Доктор Даниловски се осврна за оваа кашлица и тој е категоричен дека вакцините се сосема безбедни.

Тоа не е обично кашлање. Почнува со симптоми на обична настинка, но кога ќе почне кашлицата, во напади, тоа е нешто што може да го смисли само режисер на хорор филм. Тоа е толку драматично, толку страшно, потресно е да се биде сведок на таа кашлица. Детето не може да земе здив. Може да го загуби и животот заради задушување. Тоа кашлање оди со рикање, магарешко рикање, тоа е толку драматично. Се прашувам со кој памет, со кое срце одредени родители решаваат нивното дете така да се мачи, кога вакцините се сосема безбедни – вели д-р Даниловски.

Невакцинираните деца не се примаат во градинка

Комисијата за заразни болести препорача невакцинирани или нецелосно имунизирани деца да не се примаат во градинка. Лекарите велат големата кашлица е многу заразна респираторна инфекција, доведува до компликации, а може да предизвика и смрт, особено е опасна за бебињата.

Имунизацијата продолжува

Нискиот опфат на имунизација со оваа и со другите вакцини е една од причините за појавата на големата кашлица – болест што се смета за искоренета откако се појави вакцината.