Тој потенцира дека вакцината за сега е единствен лек за заштита од корона вирусот.

-Превентивните мерки треба да бидат внимателно димензионирани, затоа што треба да се запазат сите аспекти на нормалното живеење. Се уште оваа бројка не е висока, меѓутоа тенденцијата е да стане многу висока, таа бројка може да надмине и 2.000 случаи во едно деноноќие и тоа ќе биде сериозен удар за здравствениот систем затоа што и оние капацитети кои што ги имавме кога беше алфа аријантата доминантна нема да бидат доволни за хоспитализација, особено поради фактот што двојно е поголема хоспитализацијата кај делта варијантата, кажа докторот.