– Покажавме дисциплина како народ, но покажавме и периоди на недисциплина. Доколку го имаме полицискиот час и тотален локдаун за викендите, младите се собираат по викендици. Но мора да бидеме свесни дека од оваа година си имаме работа и со британскиот сој кој за жал ги напаѓа и младите. Бројките на починати веќе се мешовити, вели Николов.

Тој додаде дека бројот на новозаразени нагло почнал да расте не само во Штип, туку во целиот регион.

-Штипската болница ги прифаќа сите пациенти од овој дел на државата. Се отвори и модуларната болница со сите 47 лежечки капацитети, така што по вчерашните бројки некаде околу 100 пациенти се хоспитализирани во Кличката болница – Штип, 47 во модуларната болница, околу 53 во ифективното одделение и во анестезија има уште 7-8 пациенти кои лежат во тој дом, изјави Николов.