Како што информираат од МВР, овој период е во рамки на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија.

Рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците. Од денеска се затвораат и фитнес салите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.