Омикронот е доминанта варијанта на корона вирусот која циркулира во регионот, релативно безопасна и без тешка симтоматологија, со мал број на заболени.

Епидемиологот, доктор Сашо Олумчев смета дека ќе имаме миро лето кое треба да го искористиме за да се подготвиме за есента која е под знак прашалник!

Напливот на туристи во летната сезона, мигрантската криза и состојбата со Кина носи нова неизвесност за враќање на корона вирусот и негови варијанти во земјава.

Летото носи многу забава за младите, групирања и дружења. Олумчев вели дека тие нема да ги практикуват ниту една превентивна мерка, но можеби сега треба да се искористи фактот дека Омикронот е доминантен, а инфицирањето кое младите многу лесно го поминуваат ќе донесе зголемување на колективниот имунитет и добра подготовка за она што можеби не очекува од октомври.

Лидер: Во ек на туристичка сезона и наплив на странски туристи, состојбата со Корона вирусот во Кина, какви се можностите вирусот повторно да се врати и каква “вирусна слика“ може да предизвика?

-Пред да се олабават овие мерки рековме дека мора да бидеме претпазливи и внимателни, не само поради состојбата во Кина, туку и заради ситуацијата во Украина. Знаеме дека ќе имаме бран на бегалци, кои сакале или не некој ќе стигне и кај нас, а не знаеме што носат, дали носат некоја нова варијанта на вирусот? Мора да бидеме подготвени.
И за Кина важи истото правило. Имаме огромен број на туристи кои ни доаѓаат од Кина и цела Европа. Бидејќи се либерализирани мерките ние мора да бидеме подготвени и да го дочекаме еветуланиот петти бран кој претпоставувам дека на есен би можел да се случи!
Во моментов, сега овие два месеци не очекувам нешто посебно да се случува, поради тоа што има високи температури, во моментот циркулира Омикрон варијантата која е релативно безопасна, не дава тешка симптоматологија и имаме релативно мал број на заболени. Така да, следните два месеци ќе имаме едно мирно лето кое треба да го искористиме за да се подготвиме за есента која е под знак прашалник!

Олумчев вели дека не смее да се заборави нан мерките кои се практикуваа изминатите две години но истовремено и нивото на хигиена треба да е на високо ниво.

-Не смееме да ги заборавиме мерките. Иако ги либерализираа мерките во целиот регион и во соседна Грција се пременува граница речиси без никаков документ, меѓутоа без маска не може да влезете во апсолутно никаков објект. Тие сите си внимаваат на својата епидемиолошка состојба иако ги либерализираат мерките заради туризмот.
Истото треба и ние да го направиме. Ние имаме летна сезона во Охрид, Дојран, Преспа во многу туристички места, мора да бидеме внимателни бидејќи имаме голем број туристи кои престојуваат но и туристи кои транзитираат. Од Србија секако ќе имаме голем број на заболени, пред се поради тоа што тие самите се помалку дисциплинирани од нас не ги почитуваат мерките. Така да веројатноста дека во октомври ќе имаме голем број на заболени е многу извесна и треба да се подготвиме.

Лидер: Како да се подготвиме за евентуалниот петти бран на корона вирусот?

-Подготовката е полека, полека да им објасниме на граѓаните дека ќе мораме пак да се придржуваме кон некои мерки кои во моментов не се на “сила“-носењето на маски во затворени објекти, проветрување, оддржување на хигиена. Речиси тоа се истите мерки кои важеа и пред дестина години во сезоните на грипот. Истите репираторни инфекции кои ги поздаборавивме а ги вративме со појавата на короната.Тие се едноставните мерки кои сакале или не ќе мора да се придржуваме кон нив и понатаму. На отворено не мора, но на затворено да, на пример во гардскиот превоз, во објекти каде има густа маса на луѓе…би било препорачливо, задолжително мислам дека нема да можеме, но препорачливо да се носи маска, да се одржува хигиена, проветрување и итн…Тие мерки се покажаа доста ефикасни, можеби ќе ни помогнат не само за короната и за грипот и другите респиратрни инфекции.

Лидер: Како да се спроведат препораките за заштита, кога летото носи групирања, пред се на младите со организирање на забави, журки, концерти, како младите да се придржуваат на препораките?

-Едноставно нема да се придржуваат. Сега во моментот треба да се искористи фактот дека во регонов циркулира Омикрон како варијанта, и младите да бидат заразени, тие многу лесно ќе го прележат. Така да тоа прележување, инфицирање ќе биде речиси исто како да примиле бистер доза на вакцина.
Ќе добијат дополнителен имунитет кој сега во моментов ќе го искористиме да изградиме малку подобар колективен имунитет за на есен, бидејќи овој имунитет сега им трае 3,4 месеци. Треба да бидме малку поитри, да ги искористиме и мерките но и да го искористиме и присуството на Омикронот.
Маладите нема да се придржуваат на мерките, но ако се заразат, тоа ќе ни биде добредојдено во смисла на градење на колективниот имунитет. Така да ќе ги оставиме младите сега да се журкаат, да уживаат во ноќниот живот, нека го билдаат колективниот имунитет, но на есен ќе мораме да ги предупредиме дека ќе мора да се внимава. Да се превземаат некои минимални рестриктивни мерки во однос на промена на однесувањето, во однос на самата здравствена култура и на самата хигиена.